Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одгледување на тарантули – нов бизнис кој ветува добар приход

Одгледување на тарантули – нов бизнис кој ветува добар приход
Веќе неколку години луѓето кои сакаат да имаат миленици , а немаат време за кучиња и мачки, се определуваат за оваа егзотична врста на пајаци. Тарнтулите се тивки, бараат мал простор, се хрнат еднаш неделно, и живеат , женките до 25 години, додека мажјаците , во најдобар случај неколку години. На својата фарма во Чиле, Хуан Пабло Орелан, одгледува 30. 000 тарантули годишно, а потоа ги продава ширум светот , најмногу во  САД , Азија и Европа. Цента на една тарантула изнесува 25 долари плус трошоците за доства .Но одредени врсти на пајаци , кои што се одгледуваат  во Бразил , но и во други делови на Латинска Америка , достигнуваат цена и до 80 долари. „За мене барањето на пајаци на ридовите околу Сантјаго е најдоброто хоби‘‘ – вели Орелан . Орелан основал компанија за одгледување на пајаци. Фирмата напредувала со голем успех и тој морал да ги вработи сите членови на фамилијата. Последните месеци на наговата фарма работат и научници кои  ја истражуваат можноста на чилеанскиот пајак во борбата против ракот.   Во светот постојат 80 видови на тарантули , а една од најпопуларните кои се чуваат како домашни миленици е Чилеанската Роза (Grammostola Roza). Фармите со татантули се состојат од многу  функционални терариуми кои имаат соодветна температура и влага . Секој тарантула има свој терариум, бидејки овие пајаци мораат да бидат одвоени едни од други за да се спречи канибализмот. За да се одгледа една тарантула потребни се две до три години работа. Како и во секој бизнис , па така и во овој  , не може а да не се спомне црниот пазар. Илегалната трговија со тарантули стана извор на приходи за многу жители на трпоските и субтропските држави.
Слично

Поврзани вести