Одекнаа експлозии во Киев - Гутереш и тимот се на безбедно
Одекнаа експлозии во украинската престолнина. Најмалку две експлозии беа регистрирани вечерва во Киев, веднаш по средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Пожари има во две високи згради. Гутереш и тимот се на безбедно. Русија во повеќе наврати се закани дека може и Киев да биде мета, но и дека ќе одговори за сите кои се мешаат во војната.
Слично
