Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОДДАДЕ ГОЛЕМА ПОЧИТ, НО СЕПАК ПУТИН НЕМА ДА ПРИСУСТВУВА НА ПОГРЕБОТ: Телото на Шинзо Абе пристигна во Токио, милиони се поклонуваат

ОДДАДЕ ГОЛЕМА ПОЧИТ, НО СЕПАК ПУТИН НЕМА ДА ПРИСУСТВУВА НА ПОГРЕБОТ: Телото на Шинзо Абе пристигна во Токио, милиони се поклонуваат

Рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на погребот на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Поранешниот јапонски премиер застрелан за време на предизборниот говор, почина вчера во болница

„Путин - не. Останатите зависат од протоколарни правила“, рече тој на прашањето за присуство на руски претставници на погребот, пренесува руската агенција ТАСС.

Инаку, телото на Абе веќе е пренесено во Токио од болницата во Нара, а милиони Јапонци му оддаваат голема почит. 

EPA/JIJI PRESS

Новинската агенција Кјодо претходно објави дека погребот на Шинзо Абе ќе се одржи на 12 јули во неговиот роден град Шимоносеки (Префектура Јамагучи). 67-годишниот политичар беше убиен во градот Нара на 8 јули додека држеше говор за политичка кампања пред парламентарните избори во земјата закажани за 10 јули.

Путин вчера упати телеграма до мајката, како и до сопругата на Абе, велејќи дека раката на злосторник стави крај на животот на голем човек и исклучителен државник.

ФОТО: EPA/KIMIMASA MAYAMA

Слично

Поврзани вести