Одбележана 73-годишнината од атомското бомбардирање во Нагасаки
Денес во Нагасаки беше одбележана 73-годишнина откако американските сили фрлија атомска бомба врз градот, од која загинаа над 74.000 луѓе.
Tри дена по првата бомба фрлена врз Хирошима, aмериканската авијација фрли атомска бомба врз Нагасаки Во тоа време, 260.000 луѓе живееле во Нагасаки.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш призна дека се уште постои страв од нуклеарна војна и тоа 73 години по бомбардирањето на Нагасаки и нагласи дека такво нешто никогаш не треба да се случи повторно.
„Овде, во Нагасаки апелирам на земјите да се посветат на нуклеарно разоружување и што побргу да покажат напредок за тоа прашање", кажа тој.
Слично
