Одат на референдум за независност од Франција
Нова Каледонија по трет пат и последен пат излегува на референдум за независност од Франција.
Откако на референдумите во 2018 и 2020 година беше отфрлена опцијата за отцепување од поранешните колонијални владетели, 185.000 гласачи денеска повторно ќе бидат прашани „Дали сакате Нова Каледонија да добие целосен суверенитет и да стане независна?“
Ова е резултат на сè позаладените односи меѓу Париз и неговите сојузници во регионот.
Французите им се лути на Австралијанците поради откажувањето на договорот за купување подморница.
Со тоа расте улогата на Кина во регионот, а експертите тврдат дека независна Нова Каледонија би можела да биде предмет на влијание на Пекинг. Кина досега беше најголемиот увозник на новокаледонски металуршки производи, особено на никел.
