„Одам во лов на луѓе и жеден сум за крв“ - момче во Франција планирало масакр во џамија и гимназија
Француски средношколец планирал масакр во џамија и гимназија.
Деветнаесетгодишен ученик во Франција имал намера да застрела што поголем број луѓе во џамија и во образовна институција во депарманот Сена-Приморје, објави Le Parisien.
„Одам во лов на луѓе и жеден сум за крв“, напишало во една од своите белешки момчето.
Тој го одредил датумот кога би го извршил масакрот – на 20-ти април 2022 година. Тоа е четири дена пред одржувањето на вториот круг претседателските избори во Франција, но тоа е и датум на годишницата од раѓањето на германскиот нацистички лидер Адолф Хитлер. Ученикот извидувал и го планирал вооружениот напад врз неговиот поранешен лицеј (средно училиште во францускиот образовен систем) и блиската џамија, пред да биде обвинет и уапсен минатиот петок од страна на припадниците на Генералниот директорат за внатрешна безбедност (DGSI).
Во текот на сослушувањето младиот екстремист рекол дека на тој начин сакал да им се одмазди на сочуениците за малтретирањата на кои бил подложен во таа образовна институција.
Последниве години во Франција имаше повеќе напади. На мета беа свештеници, професор, полицајци, обични луѓе. Париз, Монпелије, Лион се само дел од градовите каде имаше напади.
