Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД ВОЗАЧ НА АВТОБУС ДО ТРЕТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ МАНДАТ: Мадуро е повторно претседател на Венецуела, за Блинкен тоа не е волја на народот

ОД ВОЗАЧ НА АВТОБУС ДО ТРЕТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ МАНДАТ: Мадуро е повторно претседател на Венецуела, за Блинкен тоа не е волја на народот

Неговиот работен век го започнува како возач на автобус сè до 2000 година кога од Националното собрание е избран за лидер на синдикатот, а пет години подоцна ја почнува неговата политичка кариера како министер за надворешни работи на Венецуела. Откако беше објавена смртта на Чавез на 5 март 2013 година, Мадуро ја презеде претседателската функција. Специјални претседателски избори беа одржани во 2013 година, каде Мадуро беше прогласен за победник со 50,62 отсто од гласовите како кандидат на Обединетата социјалистичка партија на Венецуела. Тој управува со Венецуела со декрет од 2015 година преку овластувањата што му ги додели законодавниот дом на владејачката партија. 

Денес, Мадуро по трет останува да биде претседател и да ја води оваа Јужноамериканска држава, откако вчера победи на претседателските избори во освојувајќи 51 отсто од гласовите, додека опозицискиот кандидат Едмунд Гонзалес Урутија освои 44 отсто, соопшти Националната изборна комисија врз основа на преброените гласачки ливчиња од 80 отсто од избирачките места.

Но, сосема слично како и венецуелската опозиција, САД и Западот ја оспоруваат неговата трета последователна претседателска победа. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека САД се „сериозно загрижени“ поради објавувањето на резултатите од претседателските избори во Венецуела. Блинкен наведува дека овие резултати „не ја одразуваат ниту волјата ниту гласовите на народот“.

Зборувајќи во Токио набргу по објавувањето на изборните резултати, Блинкен ја повика изборната комисија на Венецуела транспарентно и веднаш да ги објави целосните резултати, најавувајќи дека САД и меѓународната заедница соодветно ќе одговорат, пренесува АП.

Западните автори го опишуваат Мадуро како автократ и диктатор. Според проценките на Обединетите нации и Хјуман рајтс воч, под администрацијата на Мадуро, повеќе од 20.000 луѓе биле предмет на вонсудски убиства, а седум милиони Венецуелци биле принудени да ја напуштат земјата.

Повеќето венецуелски телевизиски канали се под контрола на државата, а информациите неповолни за владата не се целосно покриени. Во 2018 година, Одборот на независни експерти назначен од Организацијата на американски држави откри дека во Венецуела биле извршени злосторства против човештвото за време на претседателствувањето на Мадуро. Од 2020 година, САД даваат награда до 15 милиони долари за информации што ќе доведат до негово апсење или осудување.

фото: EPA


Слично

Поврзани вести