Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од утре забрането пушење на отворено во Франција

Од утре забрането пушење на отворено во Франција

Во Франција од утре ќе стапи на сила забраната за пушење на јавни места каде што често има деца. Ова ги вклучува плажите, парковите, автобуските станици и површините пред библиотеките, базените и училиштата, објавува француската новинска агенција АФП.

Во декретот, кој беше објавен во службениот весник денес, се наведува дека целта на забраната е да се заштитат децата од пасивно пушење. Прекршителите се соочуваат со казна до 135 евра.

Во декретот не се споменуваат електронските цигари, а пушењето сè уште ќе биде дозволено на терасите на кафулињата.

Франција веќе има забрана за пушење на јавни места како што се работни места, аеродроми и железнички станици, како и на детски игралишта.

Околу 75.000 луѓе умираат во земјата секоја година од здравствени проблеми поврзани со тутунот. Неодамнешна анкета покажа дека 62 проценти од Французите ја поддржуваат забраната за пушење на јавни места.


Слично

Поврзани вести