Од утре важат нови правила во ЕУ за ковид сертификатите
Од утре ЕУ го ограничувања важењето на ковид сертификатите.
Во ЕУ ќе се применува правилото според кое дигиталните сертификати за вакцинација против ковид се прифаќаат во рок од 270 дена од завршувањето на примарната вакцинација.
За бустер дози, сега не постои ограничување на валидноста на адекватен сертификат во ЕУ, според Брисел.
Земјите – членки може да применуваат различни правила на национално ниво кога користат дигитални сертификати за ковид на ЕУ, но се поканети да се усогласат со правилата на ЕУ.
Од утре се на сила новите правила за кодирање на сертификатот, така што бустер дозата ќе биде заведена како 3/3 по примарната серија вакцинација со 2 дози или 2/1 по вакцинацијата со единечна доза, односно по една доза и прележување на вирусот.
Дека ќе има промени беше навестувано со месеци. Во светот над 5.6 милиони луѓе починаа од ковид. Омикрон масовно се шири во Европа.foto freepik.com
