Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од утре нема продажба на алкохол во Киев

Од утре нема продажба на алкохол во Киев

Од утре во украинскиот главен град Киев стапува на сила забраната за продажба на алкохол. 

Полицискиот час ќе започне во 20 часот. Од 1 март, во Киев стапува на сила и забрана за продажба на алкохолни пијалоци, соопшти денеска градоначалникот на Киев Виталиј Кличко.

„Посебно внимание посветувам на сопствениците на продавници и синџири на аптеки. Покачувањето на цените на храната, основните продукти и лековите, за време на војна не е ништо подобро од грабеж“, изјави Кличко.

Јавниот транспорт во Киев ќе престане со работа во 19 часот и ќе продолжи да сообраќа наутро во 8 часот. Цивилите кои ќе се движат низ градот за време на полицискиот час без посебна пропусница ќе се сметаат за членови на непријателски диверзантски групи. Тие можат да ја напуштат куќата за време на полициски час во случај на воздушен аларм за да отидат до најблиското засолниште.

Слично

Поврзани вести