Од утре Финска по трет пат ќе претседава со Советот на Европската унија
Во наредните шест месеци Финска ќе претседава со Советот на Европската унија. Земјата утре ќе го превземе ротирачкото шестмесечно претседателство од Романија.
Финска како земја членка на ЕУ и земја која ќе претседава со Советот на унијата ќе треба да ги одржува сите состаноци на Советот на ЕУ, освен Советот на министри за надворешни работи, со кој претседава министерот за надворешни работи на ЕУ.
Како Претседавачка земја Финкса ќе биде обврзана да води и работни групи но и да соработува со Европската комисија и Европскиот парламент во име на Европскиот совет.
Пред да го преземе претседателството со Советот на ЕУ, Финска најави дека нејзината програма ќе се заснова на социјалната, економската и еколошката одржливост на Европа. Исто така, земјата најави и борба против климатските промени.
На 1 јануари 2020 година Финска ќе го предаде на Хрватска.
