Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

Русите објавија дека зазеле село во Украина. 

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руската армија го зазела селото Бердичи од предградието Авдеевка, пренесува РИА Новости. Се додава дека тоа ќе овозможи движење на руската армија кон реката Волочија, каде што се наоѓа една од клучните одбранбени линии на украинската армија. Нема засега реакција од украинска страна за овие тврдења.

Францускиот претседател Емануел Макрон кажа дека ако руските сили направат пробив на бојното поле и ако Киев бара помош, француски војници ќе заминат во Украина. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. Иако се сметаше дека Украина брзо ќе се предаде, сепак тоа не се случи и војната уште трае. 

Слично

Поврзани вести