Од СЗО велат дека се испитуваат извештаите за постоењето на непалската варијанта на коронавирусот
Човештвото ќе мора да научи да живее со коронавирусот, изјави Дејвид Набаро, специјален пратеник на Светската здравствена организација (СЗО) за коронавирусот.
Додаде дека се испитуваат извештаите за постоењето на непалската варијанта на коронавирусот.
„Човештвото ќе мора да се научи да живее со овој вирус, спречувајќи го неговото нагло појавување како и спречување на можноста од создавање на нови жаришта. Искоренувањето во моментов не е разумна цел за светот”, изјави Набаро.
Вели дека вирусот нема да исчезне наскоро, но ќе се појават нови видови.
Индискиот сој веќе го има во Македонија. Со него е заразен човек кој бил во Ирак.
foto freepik
Слично
