Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од СЗО сметаат дека во 2022 година глобалниот кошмар ќе заврши и ќе се стави крај на пандемијата

Од СЗО сметаат дека во 2022 година глобалниот кошмар ќе заврши и ќе се стави крај на пандемијата

Од Светската здравствена организација(СЗО) се оптимисти дека во 2022 година пандемијата ќе заврши. 

Сметаат дека глобалниот кошмар конечно ќе заврши. Велат дека по две години добро го познаваат вирусот. 

„Светот може да ѝ стави крај на пандемијата со коронавирусот оваа 2022 година, но, „колку подолго трае нееднаквоста, толку подолго ќе трае пандемијата“, преупреди првиот човек на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус. 

Шефот на СЗО рече дека организацијата ќе работи со владите во целиот свет за да се даде приоритет на испораката на вакцините и на глобалните иницијативи како што се COVAX и AVAT, со цел да се вакцинираат 70 отсто од луѓето во сите земји до средината на 2022 година.

Слично

Поврзани вести