Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oд Стејт департментот уверени дека Украина ќе победи

Oд Стејт департментот уверени дека Украина ќе победи

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс изјави за Би-Би-Си дека е убеден дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе ја добие војната.

„Ова ќе биде победа за Украина, ќе биде стратешки пораз за Русија“, рече тој.

На прашањето дали САД и нивните сојузници обезбедуваат доволно тешко оружје, Прајс рече дека го испратиле токму она што им е потребно на нивните украински партнери за да се одбранат од руската агресија.

Во руската инвазија во Украина досега загинаа 213 деца. 

Најголем број жртви е регистриран во Доњецката област – 122, Киевската област – 114, регионот Харков – 91, регионот Чернихив – 66, регионот Херсон – 44, регионот Миколаев – 43, регионот Луганск – 37, регионот Запорожје – 27, регионот Суми – 17, градот Киев – 16, и регионот Житомир – 15. Голем е бројот и ја повредени деца. 

Во градот Одеса вчера загина и бебе од три месеци. Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина.

Слично

Поврзани вести