Од средината на месецов за Русите има забрана за влез во три држави
Трите балтички држави до средината на месецов воведуваат забрана за влез на Русите.
Станува збор за Летонија, Литванија и Естонија. Тие постигнаа начелен договор за ограничување на движењето на руските граѓани преку нивните граници со Русија и Белорусија. Веста ја потврди естонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевичс, а пренесува „Ројтерс“. Возачите на камиони, дипломатите и оние кои ја преминуваат границата од хуманитарни и семејни причини ќе бидат ослободени од ограничувањата.
„Во последните неколку недели и месеци драстично е зголемено прекуграничното преминување на руски државјани со шенген-визи. Ова станува прашање на јавна безбедност, но е и прашање од морална и политичка природа“, рече Ринкевичс.
Естонија прва го отвори ова прашање и нагласи дека посетата на Европа е привилегија.
Европската Унија (ЕУ) вчера предложи целосна суспензија на договорот за поедноставување на издавањето визи со Русија. Руските граѓани ќе плаќаат повеќе, а постапката за издавање визи ќе трае подолго. Инаку, Украина бараше Европа да го забрани влезот на руските туристи поради војната која почна на 24 февруари.
foto freepik.com/jannoon028
