Од следната недела во Турција ќе важат построги правила за продажба на алкохол
Нови, построги правила за продажбата и употребата на алкохолни пијалоци ќе се воведат од следната недела во Турција, информира телевизискиот канал НТВ.
Според овие правила, ќе се забрани продажбата на алкохол во периодот од 22 часот до 6 часот наутро и оваа мерка ќе важи за сите продавници и киосци.
Овие ограничувања нема да важат за продажбата на алкохолни пијалоци во ресторани, ноќни клубови и барови.
Слично
