Од што починаа 30 аџии во Саудиска Арабија?
Повеќе од 30 аџии починаа синоќа на аџилак во Саудиска Арабија, објави државната Саудиска новинска агенција (СПА).
Станува збор за странски државјани, но засега не се открива причината од што настапила смртта.
Аџилакот е една од основните религиозни обврски на муслиманите, а годинава во Мека и Медина се очекува да пристигнат повеќе од два милиони верници.
Досега во Саудиска Арабија пристигнале најмалку 620.000 верници.
Слично
