Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД ШТО ПОЧИНА РУСКИОТ ОЛИГАРХ АЛЕКСАНДАР СУБОТИН - се споменува срцев удар, дроги, но и шамански ритуали, Полицијата не потврдува

ОД ШТО ПОЧИНА РУСКИОТ ОЛИГАРХ АЛЕКСАНДАР СУБОТИН - се споменува срцев удар, дроги, но и шамански ритуали, Полицијата не потврдува

Уште еден руски олигарх е пронајден мртов.

Станува збор за Александар Суботин, кој викендов почина под мистериозни околности. Олигархот починал во куќата на шамани, барем според руските медиуми.

Суботин е поранешен извршен директор на руската нафтена компанија Лукоил и е последниот во низата руски олигарси кои загинаа под сомнителни околности по руската инвазија на Украина.

Тој беше пронајден мртов во подрумот на куќата на двајцата шамани во Митишчи, град североисточно од Москва, откако наводно доживеал срцев удар, јави руската новинска агенција ТАСС. Во уизвештајот се додава дека е отворена истрага за неговата смрт.

Милијардерот, како што изјавил изворот за ТАСС, отишол во куќата во состојба на тешка интоксикација, откако се опил и консумирал дрога еден ден претходно. Неговото тело е откриено во подрумска просторија која наводно се користела за „јамајкански вуду ритуали“, објавија руските медиуми.

Локалните медиуми пишуваат дека Суботин отишол во потрага по лек за мамурлак, во кој наводно имало отров од крастава жаба. Следното утро, тој бил пронајден мртов од машкиот и женскиот шаман Магуа Флорес (вистинско име Алексеј Пинџурин) и Тина Кордоба (вистинско име Кристина Теихриб), според локалните извештаи, цитирајќи верзија на настаните кои ги фаворизираат руските власти.

Парот наводно ги лекува клиентите со тоа што повикува духови и жртвува животни, чии тела потоа се потопуваат во крвта на петлите.

Сепак, за сите овие наводи нема потврда од полицијата, а од понеделник попладне остануваат непознати другите детали за тоа што ја предизвикало неговата смрт. Брачниот пар шамани им кажале на државните инспектори дека Суботин им е пријател и негирале дека го подложиле на шамански ритуали за пари.

Руските власти покренаа кривична истрага за смртта на Суботин додека се обидуваат да ја утврдат причината, пренесува ТАСС. Инспекторите исто така ќе истражат дали имало дрога во неговата крв кога умрел, пишува Newsweek.

Неговата смрт доаѓа само неколку месеци откако Лукоил повика на брз прекин на војната меѓу Русија и Украина. Лукоил е втората по големина руска нафтена компанија.

Извор: Индекс.хр

Слично

Поврзани вести