ОД СЕВЕРЕН ТЕК 2 ИСТЕКУВАЊЕТО НА ГАС ДОСТИГНА 70 ТОНИ НА ЧАС: Загрижува истрагата на кинеските научници
Според
соопштението, по инцидентот на гасоводот, кинеската влада им наредила на
научниците да го проценат степенот на емисиите на метан во атмосферата, за што
е користен еден од најнапредните кинески сателити за откривање на Земјата,
Гаофен-5 02. .
Според научниците, врз основа на податоците добиени на 30 септември во зоната на прекин на гасоводот Северен тек 2, истекувањето на гас достигна 70 тони на час.
Сателитот Гаофен-5 02 лансиран од Кина во септември 2021 година има ултра чувствителни инфрацрвени сензори кои можат да ги детектираат и мерат емисиите на метан во атмосферата.
Нападите се случија на 26 септември на двата руски гасоводи за извоз на гас во Европа - Северен тек и Северен тек 2. Германија, Данска и Шведска не исклучуваат целна саботажа. Експертите велат дека засега е невозможно да се процени времето за поправка.
ФОТО: EPA