ОД РУСИЈА СО ЉУБОВ: Што му вети и донесе Путин на кинескиот претседател?
Рускиот претседател Владимир Путин му подари денеска на својот кинески колега Си Џинпинг кутија руски сладолед при средбата во Хангџу, неколку часа пред почетокот на самитот на Г20.
„Ви ветив дека ќе ви го донесам и ви носам цела кутија сладолед-рекол Путин кога Си Џинпинг го примил во својата резиденција во Хангџу на истокот од КИна.
Кинескиот лидер му се заблагодарил на Путин за таа љубезност.
„Кога и да дојдам во Русија, барам да му купат руски сладолед. И потоа го јадеме тој сладолед дома“, рекол кинескиот претседател.
„Вашата слатка павлака е подобра, затоа вашиот сладолед е посебно вусен и многу ми се допаѓа“, додал тој.
Двајцата лидери потоа разговарале за актуелни меѓународни прашања и Си се заложил за зајакнување на соработата меѓу Русија и Кина, традиционални сојузници.
„Нешите земји треба да ја зајакнат соработката во сите области, како и взаемната политичка поддршка. Ние цутот и развојот на Русија го сметаме како наша шанса за развој“ додал тој.
