Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од Русија минатата година се одлеале околу 151 милијарда долари

Од Русија минатата година се одлеале околу 151 милијарда долари
Одливот на капитал од Русија, на што влијаеше кризата во Украина и слабеењето на рубљата, достигна 151 милијарда долари во 2014 година, соопшти денес руската Централна банка. Одливот за капитал бил за 2,5 пати поголем во споредба со 2013, кога изнесувал 61 милијарда долари. Вкупната трговска размена на Русија во 2014 година изнесувала 56,7 милијарди долари, а во 2013 година таа изнесувала 34,1 милијарда долари. Централната банка кон крајот на декември минатата година прогнозираше одлив на капитал од 128 милијарди долари, но на конечниот износ влијаело слабеењето на рубљата. Во последниот квартал минатата година одливот на капитал изнесувал 72,9 милијарди долари во однос на 16,9 милијарди долари колку што изнесувал истиот период во 2013 година. Централната банка најавила дека ситуацијата во 2015 година би требало да се подобри, иако некои економски експерти сметаат дека одливот на рускиот капитал ќе продолжи да биде „исклучително голем“.  
Слично

Поврзани вести