Од ресторан во САД украдено вино вредно 300.000 долари
Ресторанот „Френч Лондри“, кој е еден од ретките во САД со три ѕвездички на престижниот гастрономски водич Мишлен, соопшти дека бил ограбен и дека од неговата визба било украдено вино во амбалажа вредно 300.000 долар.
Сопственикот на ресторанот во Јунтвил во близина на Лос Анџелес, Томас Келер, изјавил дека кражбата се случила точно на бижиќ, на 25 декември и дека полицијата веднаш отворила истрага за случајот.
Според неговите зборови, украдени се 40 – 50 шишиња вино, чија вредност е проценета на околу 300 илјади долари.
Виното било сместено во подрумот на ресторанот.
Украденото вино е од калифорниско производство, но меѓу шишињата имало и шампањ Дом Перињон.
Ресторанот неодамна прославил 20 години постоење и е еден од најдобрите во светот, како и еден од 13 американски ресторани означен со ѕвездички на Мишлен.
Овој ресторан секој ден нуди две гурмански мениа, од кои едното секогаш е со вегетаријанска храна, а цените во него по оброк чинат по околу 300 долари без пијалок.
Слично
