ОД РАКЕТАТА ИСТЕКУВА ГОРИВО: НАСА го одложи лансирањето на Месечината
Истекувањето на
горивото, а потоа и проблемот со моторот за време на последните подготовки за
подигнување, ја натера НАСА да го одложи лансирањето на својата моќна ракета на
Месечината, која би носела три пробни кукли во капсула во орбитата околу неа.
Следниот обид за лансирање е можен најрано во петок.
Ракетата на НАСА ги помина тестовите пред пробниот лет, и покрај повеќекратните удари од гром.
НАСА повеќе пати отпочнуваше па престануваше да ја полни ракетата Space Launch System со речиси милион галони суперладен водород и кислород. Причината е истекување на високо експлозивен водород на истото место каде што дошло до истекување за време на генералната проба во пролетта.
Денеска, НАСА наиде на нови проблеми кога не можеше правилно да излади еден од четирите главни мотори на ракетата, изјавија официјални лица. Инженерите продолжија да работат на собирање податоци и утврдување на изворот на проблемот.
Ракетата требаше да постави капсула на екипажот во орбитата околу Месечината. Лансирањето ќе биде пресвртница во обидот на Америка да ги врати астронаутите на површината на Месечината за прв пат по завршувањето на програмата Аполо пред 50 години.
Со должина од 98 метри тоа е најмоќната ракета некогаш направена од НАСА, надминувајќи ја дури и Сатурн V што ги однесе астронаутите на Аполо на Месечината.
Во капсулата Орион што треба да ја носи ракетата, сега нема астронаути, туку тест-кукли, опремени со сензори за мерење на вибрации, космичко зрачење и други услови. Ќе полета, ако на крајот сè биде добро, на шестнеделна мисија која требаше да заврши со падот на капсулата во Тихиот Океан во октомври.
ФОТО: EPA/Joel Kowsky
