Од потрес распука римскиот колосеум, ќе се разбуди ли и вулкан?
Силниот земјотрес кој се случи деновиве во Италија, го распука римскиот Колосеум.
Ова го соопштија експерти, по прегледот на познатиот историски објект, пишува „Дејли мејл”. Според нив 2000-годишната арена добила некои конструктивни деформации.
Експерти предупредија дека заспан вулкан на 24 километри од главниот град Рим, може да се разбуди. Научниците регистрирале активност длабоко под земјата.
Сепак ерупцијата на Рент Албани не е неизбежна и може да не се случи уште 1000 години, смируваат вулканолозите. Градоначалничката на Рим, Вирџинија Раги објави дека треба се видат сите важни историски згради и да биде адаптиран планот за евакуација на градот.
Италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија соопшти дека во реонот на потресот со интензитет од 6,6 земјината површината е поместена за 70 см. Во градот Норча, најсилно погоден од земјотресот, пожарникари извадија од урнатините куче кое било затрупано, но немало повреди.
