Од понеделник уште една европска земја ги укинува ковид мерките
Австрија од понеделник ги укинува сите ковид мерки.
Властите повеќе нема да бараат потврда за вакцинација при влез во земјата. И патниците повеќе нема да треба да покажуваат негативен тест за ковид, според новите измени на прописите на Министерството за здравство од вчера. Оние кои доаѓаат во земјата од области каде што постојат варијанти на коронавирус треба да подлежат на одредени услови, но ова правило во моментов не се однесува на ниту една земја. Во Австрија над 18.000 луѓе починаа од коронавирусот.
Слично
