ОД ПОНЕДЕЛНИК АВСТРИЈА ВО ТОТАЛЕН ЛОКДАУН - од први февруари задолжителна вакцинација
На прес-конференција во Виена, австрискиот канцелар Шаленберг објави дека целата земја е во карантин од понеделник и дека задолжителната вакцинација за сите ќе биде воведена од 1 февруари.
Не сакаме „петти бран“, порача тој од прес-конференцијата.
Австриските медиуми претходно објавија дека владејачката партија на ноќен состанок разработила различни сценарија.
Според весникот Heute, се очекува затворање на угостителските објекти и услуги, додека училиштата и градинките треба да бидат отворени само за децата на работниците вработени во дејности суштински за функционирањето на општеството.
Единствените работи што би функционирале се супермаркетите и аптеките. Движењето би било забрането, освен одење во самопослуга, во аптека или кај лекар. Засега е познато дека карантинот треба да трае најмалку 10 дена, а по истекот на тој рок ќе се одлучува дали ќе биде продолжен за уште 10 дена.
Да потсетиме, двата австриски региони најпогодени од пандемијата на коронавирус, Салцбург и Горна Австрија, веќе најавија дека од понеделник ќе воведат карантин за целото население.
Вчера Австрија имаше 15.145 нови случаи на инфекција. Од нив имало 1.700 во Салцбург и 1.600 во Горна Австрија, регионот чиј главен град е Линц. И двата региони имаат најниска покриеност со вакцинација во земјата.
Извор: Индекс.хр