Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД ПОЧЕТОКОТ НА ГОДИНАTA ПОМИНАА 22 ДЕНА, А ИМАЛО 36 МАСОВНИ ПУКАЊА ВО САД - Убиени 116 деца

ОД ПОЧЕТОКОТ НА ГОДИНАTA ПОМИНАА 22 ДЕНА, А ИМАЛО 36 МАСОВНИ ПУКАЊА ВО САД - Убиени 116 деца

Во текот на вчерашниот ден повторно имаше масовно пукање во Калифорнија, кога напаѓач отвори оган со автомат во танцов клуб и уби 10 луѓе за време на прославата на кинеската Лунарна Нова Година.

По масакрот отишол во друг танцов клуб, каде сакал да го направи истиот хорор, но за среќа бил спречен од обезбедувањето.

Кога полицијата успешно го опколила, додека бил во комбето тој извршил самоубиство разнесувајќи се, а полицијата го идентификувала како седумдесет и двегодишен маж по име Ху Чан Тран.

Официјалните податоци во Америка за масовни престрелки во текот на 2023 година се алармантни. Имено, годинава за само 22 дена се случиле дури 36 масовни престрелки.

Според податоците на Архивот за огнено оружје, во 2023 година биле убиени 116 деца.

Само во првите три недели од оваа година имало дури 36 масовни престрелки, од Гошен, Калифорнија до Балтимор, Мериленд, а ова во Монтереј Парк, Калифорнија е најновото во серијата, пренесува Си-Ен-Ен.

Во тие делови на САД, жителите се потресени и вознемирени, а некои се подготвуваат за можноста за такво насилство во нивните дворови.

„Време на културна прослава... и уште една заедница е поделена со бесмислено вооружено насилство. Сите ние кои сега сме во оваа просторија, но и сите луѓе низ САД, разбираме дека ова насилство мора да престане“, рече американскиот потпретседател. Камала Харис вчера.

Архивот за огнено оружје го дефинира масовното убиство како злосторства во кои се убиени најмалку четири лица.

Фото: EPA/ CAROLINE BREHMAN

Слично

Поврзани вести