Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од почетокот на економската криза, влошено е здравјето на вработените во банките ширум светот

Од почетокот на економската криза, влошено е здравјето на вработените во банките ширум светот
Здравјето на вработените во банкарскиот сектор е влошено од избивањето на финансиската криза во светот поради изложеноста на агресијата од клиентите и стравот од губење на работата, покажа едно меѓународно истражување. Експертите на синдикатите  UNI Global Union утврдиле дека повеќе од 80 посто од синдикатите на вработените во банкарството и осигурувањето во 26 држави информирале дека влошеното здравје е најголем проблем на нивните членови во последните две години и дека сега многумина работат во „клима на страв“. Истражувањето опфатило синдикати од 16 западно-европски држави, четири азиски и по три од Африка и Латинска Америка. нивните членови се жалеле дека нивните лични животи се под силен притисок поради светската финансиска криза. Вработените во банкарскиот сектор најмногу стравуваат дека ќе останат без работа, од можноста да бидат заменети со помлади или поевтини вработени, од нереални работни обврски од шефовите, помали плати и зголемен обем на работа.    
Слично

Поврзани вести