Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД НОЕМВРИ ПОМАЛКУ БЕГАЛЦИ: Ќе го запре ли зимата бегалскиот бран?

ОД НОЕМВРИ ПОМАЛКУ БЕГАЛЦИ: Ќе го запре ли зимата бегалскиот бран?

Железничкиот концерн „Дојче бан“ (Deutsće Bahn) соопшти денеска дека во текот на последните три седници превезол приближно 130 00 бегалци и ја пренесува оценката на експерти дека со заладувањето нивниот прилив во Германија ќе се намалува.

Наши експерти очекуваат дека до ноември ќе настапи намалување на бројот на бегалци поради временските услови - рекол член на управата на тој концерн Роналд Пофал за „Рајнише пост“-додавајќи дека нивниот број би можел од наредната пролет повторно да се зголеми.

Истакнувајќи дека бегалците се исклучително мириљубиви, Пофал рекол дека од моментот на отварањето на границата „Дојче бан“ со специјални возови превезол 130 000 бегалци.

Сојузната влада ветила преземање на трошоците, пренес ТАС.

Руската агенција потсетува дека над илјада бегалци продолжуваат да стигаат во Германија и дека во поедини денови оваа недела пристигале и по 3 500 од нив.

Поради контролирањето на нивниот прилив Германија на границата со Австрија ја обнови контролата, а странците кои сакаат да поднесат барање за азил ги прегледуваат лекари и надлежни служби ги упатуваат во различни правци, во зависност од можноста на одредени региони.

Слично

Поврзани вести