Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од Њујорк до Вашингтон за 29 минути - новиот проект на Муск доби зелено светло

Од Њујорк до Вашингтон за 29 минути - новиот проект на Муск доби зелено светло

Американскиот претприемач Илон Муск објави дека неговата компанија „The Boring Company“ добила дозвола од властите во САД за изградба на високо-брзински тунел кој ќе ги поврзува Њујорк и Вашингтон.

Во соопштението на Twitter Муск напиша дека брзината на возовите во тунелот ќе биде над 250 км / ч и растојанието помеѓу двата града ќе се поминува за 29 минути. Со автобус од Вашингтон до Њујорк е околу 4-5 часа, а со воз - три часа и 20 минути во просек. Со авион е под час, околу 45 минути.

„Штотуку добив усна дозвола од владата за изградба на подземната „hyperloop“ линија (систем на движење без воздушен отпор) на „The Boring Company“ Њујорк-Филаделфија-Балтимор-Вашингтон. Линијата ќе минува низ центарот на еден град во друг“, напиша извршниот директор на компаниите SpaceX и Tesla.

Проектот за изградба на високо-брзински железнички линии која ќе се движи во тунел со разреден воздух, е познат од 2013 година. Слични подземни железници можат да развијат брзина до над 1.000 км / ч. Тоа значи дека растојанието од Амстердам до Париз на пример може да се помине за половина час, а 70-те километри од Братислава до Виена за не повеќе од пет минути.


Слично

Поврзани вести