Од неразјаснети причини речиси цела една земја остана без струја!
Најголемиот дел од Тунис, вклучувајќи го главниот град и неговите предградија, од попладнево се без електрична енергија и тоа од засега непознати причини.
„Струја нема во поголемиот дел од Тунис, а причините за прекинот и натаму остануваат непознати“, јавуваат медиумите во оваа земја.
Ниту Владата ниту националниот снабдувач со електрична енергија СТЕГ не биле достапни за коментар да им објаснат на потрошувачите што се случува.
СТЕГ е во тешка финансиска криза и веќе неколку месеци предупредува дека се можни дефекти и почести прекини во испораката на електрична енергија.
Вработените во оваа компанија за средината на септември најавуваат штрајк заради законот за обновливи извори на енергија кој се носи во оваа земја.
Слично
