Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од Мосул 173 џихадисти подготвени за во Европа

Од Мосул 173 џихадисти подготвени за во Европа

Во Ирак е пронајдена листа на 173 борци од терористичката организација „Исламска држава“. 

Се верува дека се тоа имиња на борци кои сакаат да извршат терористички дејства.

Листата е пронајдена во база на терористи во Мосул. Покрај имињата на џихадистите, има и фотографии од нив и земјата во која се родени.

Повеќето од нив се од Ирак, меѓу нив има Тунижани, Мароканци и Јорданци, како и борци од Таџикистан и Саудиска Арабија.

Листата е во рацете на европските безбедносни власти. Властите на САД ја испратија листата до Интерпол, пишува весникот Ди Велт.

За првпат тој беше испратен во европските полициски сили во мај, како предупредување дека мажите на фотографијата се на пат кон Европа. Меѓу 173-те џихадисти има шест европски борци.

Слично

Поврзани вести