Од Либан се истрелани ракети кон Израел, армијата врати
Четири ракети се истрелани од Либан кон Израел, по што израелската армија возврати.
Ракетите се истрелани од Седиќина, село близу либанскиот јужен град Тир. Израелската војска информираше дека одговорила со стрелање на неколку цели во Либан. Ова е трет инцидент со ракетни истрели од Либан по ескалација на непријателствата меѓу Израел и палестинските милитанти во Газа на 10 мај.
Израелските воздухопловни сили (ИАФ) неутрализирале оперативна единица на Хамас. Најмалку 12 Палестинци се убиени за време на утринските израелски напади во Појасот Газа. Премиерот Бенјамин Нетањаху најави дека воената операција против Хамас ќе продолжи иако за овие 10 дена се постигнати одлични резултати. Израел денеска порача дека не ја одредил временската рамка за завршувањето на судирот со милитантите од Хамас во палестинската енклава Појасот Газа.
