Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД КОМИЧЕН ДО ВУЛГАРЕН: Ова се 4-те најлуди моменти од јавниот настап на Путин

ОД КОМИЧЕН ДО ВУЛГАРЕН: Ова се 4-те најлуди моменти од јавниот настап на Путин

Рускиот претседател Владимир Путин, денеска одржа традиционална годишна прес-конференција на која се обрати пред 1 400 новинари. Во неговиот јавен настап тој го употреби целиот свој реторички арсенал од комичен, до вулгарен и бесен.

Ова се четирите „најлуди” моменти од Путиновата годишна прес-конференција

  1. „Турција одлучи да ги лиже Американците на одредено место”

Рускиот претседател испрати остри критики кон Турција и со вулгарни зборови обвини дека турците го собориле авионот за да им се умилкуваат на САД.

Barack Obama, Recep Tayyip Erdogran

“Ако некој од турските лидери решил да ги лиже Американците на одредено место, не знам дали тоа била правилна постапка или не, и не знам дали на Американците им треба тоа”, остро рече Путин.

  1. „Што се однесува на Блатер, тој е поштен човек и неговиот хуманитарен придонес е огромен што заслужува Нобелова награда”

Switzerland FIFA  Blatter ProtestСеп Блатер, суспендираниот претседател на ФИФА, кој е обвинет за корупција изгледа има одлични пријатели во Москва, што не е нешто ново. Уште во летото Путин сугерираше дека Блатер заслужува награда.

  1. „Доналд Трамп е брилијантен човек со огромен тален

Yearend 2015: NewsmakersРепубликанскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп со месеци наговестува дека подобро би соработувал со Путин, отколку со Обама. Тој во септември лидерството на рускиот претседател го оцени со највисока оценка.

На прес-конференцијата Путин рече: Tрамп сака друго ниво на односи, поблиски и подлабоки со Русија, и тоа ние го поздравуваме”.

  1. „Русија има руски сили во Украина кои спроведуваат одредени воени задачи”

Русија неколкупати демантираше дека е вмешана во конфликт во Ункраија, меѓутоа рускиот претседател прв пат призна присуство на воени специјални во земјата, иако инсистираше дека тоа не е регурална војска.

Слично

Поврзани вести