Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од каде се жртвите кои загинаа во Ница?

Од каде се жртвите кои загинаа во Ница?

Од 84 жртви на терористичкиот напад во Ница кој се случи неодамна, 38 се странци, соопштија од француското Министерство за надворешни работи.

Настраданите се од вкупно 19 земји. Се работи за државјани на Алжир, Германија, Ерменија, Белгија, Бразил, Естонија, САД, Грузија, Италија, Казахстан, Унгарија, Мароко, Полска, Романија, Русија, Швајцарија, Тунис, Турција и Украина.

Во соопштението се наведува дека списокот не е конечен.

Севкупно загинатите и повредените се од 29 земји.

Минатата недела Тунижанецот Мохамед Булел на возраст од 31 година со камион прегази 84 луѓе во Ница за време на прослава на национален празник, а стотици се повредени.

Слично

Поврзани вести