Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД КАДЕ ПРАВОСЛАВНИ ИКОНИ ВО ВЕСТМИНИСТЕРСКАТА ОПАТИЈА - на гледачите кои го следеа погребот во живо не им промакна ЕДЕН ДЕТАЉ

ОД КАДЕ ПРАВОСЛАВНИ ИКОНИ ВО ВЕСТМИНИСТЕРСКАТА ОПАТИЈА - на гледачите кои го следеа погребот во живо не им промакна ЕДЕН ДЕТАЉ

Стотици милиони луѓе денеска на телевизија во живо го следеа погребот на британската кралица Елизабета Втора и богослужбата одржана по тој повод во Вестминстерската опатија, а на гледачите во Србија им падна во око еден многу необичен детал.

А дилемата е - од каде потекнуваат православните икони во светилиштето на Англиканската црква?

Камерите кои ја снимија богослужбата во Опатија, покрај достоинствениците кои присуствуваа на неа, ја забележаа сета убавина и раскош на нејзината внатрешност.

Во еден момент камерата се префрли и над православните икони, што ги натера гледачите да се запрашаат од каде вакво иконописување во црква од сосема друга вероисповед.

Тоа е понов потег, поточно од почетокот на 1990-тите. Оттогаш оваа црква е украсена со две икони од рускиот иконописец Сергеј Федоров.

Имено, од левата и десната страна на столбовите се гледаат две големи православни икони на Спасителот и Богородица, кои се таму од 1994 година.

Факт е дека Англиканската црква е доста блиску до православната црква. Покојниот принц Филип, сопруг на британската кралица, се крсти во православна вера, а неговиот син принцот Чарлс, сегашниот крал, покажува голем интерес за православието и речиси секоја година поминува по еден месец во Хиландар.

Курир.рс

Фото: BBC принтскрин

Слично

Поврзани вести