Од каде доаѓаат и колку се образовани членовите на „Исламска држава“? (инфографик)
Според извештајот на Светската банка, базиран на истечени внатрешни документи од „Исламска држава“, привлечените странски „засилувања“ во терористичката организација се релативно добро образовани, коментира Statista.
- Пред-чекор кон разбирањето зошто некои лица се радикализираат, е да имаме некаква идеја кои се тие“, коментира Светската банка во својот извештај.
Новите засилувања во ИД доаѓаат од сите континенти. Саудиска Арабија, Тунис, Мароко, Турција и Египет се топ 5 на земјите од кои доаѓаат најмногу нови членови. Од немуслиманските земји најмногу приврзаници на организацијата доаѓаат од Русија, Франција и Германија.
Според податоците на Светската банка просечната возраст на странските засилувања е 27,4 години. Најмладите членови доаѓаат од Либија (23,7 години во просек), а најстарите - од Индонезија (33,5 години во просек). Податоците покажуваат дека просечната возраст на странските засилувања не ја одразуваат демографијата на регионот, од каде доаѓаат: постарите членови не пристигнуваат од „постарите“ региони.
Во однос на образованието 43,3% од членовите имаат средно образование, а 25,4% имаат и високо. Само 15% го напуштиле училиштето пред гимназија, а помалку од 2% се неписмени. Покрај тоа, од земјите во Европа и во Централна Азија, како и други земји членки на ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој), доаѓаат засилувања со слично ниво на образование во однос на своите сонародници. За разлика од нив, членовите кои доаѓаат од Блискиот Исток, Северна Африка и Јужна и Југоисточна Азија се значително пообразовани од средното ниво за регионот.
Светската банка сепак остава можноста нивото на образование да е преценето, бидејќи податоците се базираат на личните искази на регрутите.

