Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од дом за малолетници до евтаназија, случајот на Ноелиа Кастиљо ја потресе Шпанија

Од дом за малолетници до евтаназија, случајот на Ноелиа Кастиљо ја потресе Шпанија

Ноелиа Кастиљо, 25-годишна девојка од Барселона, денес, на 26 март 2026 година, треба да добие евтаназија што ја побарала уште во 2024 година, по долг судски спор што стигна и до Европскиот суд за човекови права. Нејзиното барање било одобрено од надлежната комисија во Каталонија во јули 2024 година, но постапката била одложувана поради жалби и правни обиди на нејзиниот татко да ја запре. На крајот, и шпанските судови и европскиот суд не ја блокираа одлуката.

Според информациите од медиумите, Кастиљо била силувана во дом за малолетници, по што доживеала тешка лична криза. Во 2022 година, таа имала обид да изврши самоубиство фрлајќи се од петти кат, но по неуспешниот обид останала со трајна параплегија. Подоцна побарала евтаназија, наведувајќи дека живее со хронична болка и целосна зависност од туѓа помош.

Овој случај остава силен впечаток дека системот не успеал навреме да заштити, да лекува и да понуди вистинска поддршка. Наместо пат кон закрепнување, рехабилитација и достоинствен живот, приказната завршува со одлука што за многумина претставува тежок пораз на институциите. Кога станува збор за млада личност обележана од траума, насилство и страдање, јавноста со право прашува дали биле исцрпени сите можности за помош, лекување и враќање на надежта.

Слично

Поврзани вести