Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од денеска задолжителна ковид потврда за 23 милиони Италијанци, избија протести

Од денеска задолжителна ковид потврда за 23 милиони Италијанци, избија протести

Мерката со која сите вработени во Италија мора да дадат таканаречен зелен картон, со кој се докажува дека се вакцинирани, дека прележале коронавирус или дека неодамна биле негативни, стапи на сила денеска. 

Мерката погоди околу 23 милиони работници во приватниот и јавниот сектор.

Беа организирани неколку протести против контроверзната мерка. Критичарите велат дека мерката е удар врз личните слободи, додека застапниците велат дека мерката ќе овозможи понатамошно ублажување на мерките.

Полицијата уапси 12 лица пред една недела, меѓу кои и двајца лидери на екстремната десница, откако протестите против мерката прераснаа во судир со полицијата.

Компаниите можат да бидат казнети ако сите работници немаат ковид сертификат.

За денеска е најавен нов протест во Рим, додека пристанишните работници во Трст планираат да го блокираат пристаништето. Властите велат дека кината, театрите и концертните сали ќе можат да работат со полн капацитет доколку сите посетители имаат зелен картон.

„За компаниите и вработените, зелената карта ја зголемува безбедноста на работното место и гарантира производство“, рече Маурицио Штирпе, потпретседател на здружението на работодавачи „Конфиндустрија“.

Компаниите, ако не сите работници имаат зелена карта, може да бидат казнети до илјада евра. 

Зелениот картон веќе е воведен во неколку други сектори во Италија, како што се образованието и здравството. Вкупно 85 проценти од Италијанците постари од 12 години примиле барем една доза од вакцината.

Извор: Индекс.хр

Слично

Поврзани вести