Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oд денеска нови правила за влез во Швајцарија

Oд денеска нови правила за влез во Швајцарија

Во Швајцарија од денеска има нови ковид правила за влез. 

За сите патувања важи правилото 3G (потврда за вакцинација, потврда за прележан вирус или негативен ковид тест), со услов патниците кои имале коронавирус или биле вакцинирани да не прават тест. Другите патници мора да направат PCR тест, не постар од 72 часа, или брз антиген тест, не постар од 24 часа. Ослободени се и децата помлади од 16 години и итни медицински случаи. Останува обврската за сите патници кои влегуваат во Швајцарија да го пополнат формуларот на страницата https://swissplf.admin.ch/formular. Лицата кои се ослободени од тестирање и пополнување на формуларот се професионалните возачи на автобуси и камиони.

Во Швајцарија над 12.600 луѓе досега починаа од коронавирусот. 

Дел од земјите во Европа ги олабавуваат мерките.

Слично

Поврзани вести