Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од денеска, иста возачка дозвола за сите во ЕУ

Од денеска, иста возачка дозвола за сите во ЕУ
Од денеска стапи на сила на новата директива на Европската унија за возачките дозволи, а според која сите дозволи ќе бидат направени по единствен европски модел. Секоја од 27-те земји членки на ЕУ ќе имаат иста возачка дозвола , а кон оваа група ќе се приклучат и сите нови членки на европското семејство. Со оваа Директива се укинува неограничено траење на возачки дозволи и тие ќе важат 10 или 15 години по издавањето, освен за професионални возачи кои се обврзано на секои пет години со задолжителен лекарски преглед продолжување на дозволите. Оние лица на кои во една држава им е одземена возачката дозвола, нема да може да полагаат возачки  испит во друга држава од ЕУ со цел да се се здобијат до  валиден документ. При усвојувањето на Директивата беше истакнато дека главната цел е да се зголеми безбедноста во сообраќајот, но и да се поедностават процедурите бидејќи досега околу 300 милиони Европејци користеа и до сто различни возачки дозволи.  
Слично

Поврзани вести