Од денеска до крајот на годината цела Земја живее на КРЕДИТ!
Токму денеска, на 19 август, ги потрошивме сите залихи на природни ресурси за годинава. Ова практично значи дека целата Земја живее „на кредит“, бидејќи ги потроши сите природни ресурси кои можат да се обноват за една година.
Пресметката ја направи Светскиот фонд за заштита на природата, според кој оваа година сме влегле „во црвено“ повеќе од еден месец порано отколку во 2000 година.
Денешниот ден уште се нарекува Earth Overshot Day, односно ден кога човештвото потрошило повеќе ресурси отколку што може да обнови за една година. Секоја година тој датум доаѓа порано.
За да се произведат доволно неопходни обновливи еколошки ресурси за да се задоволат потребите на човештвото со овој обем на потрошувачка потребни се една и пол планета.
Слично
