ОД ДАНОЦИ И РЕКЕТ: Еве колку заработува Исламска држава!
Приходите на ДАЕШ ("Исламска држава") од собирањето на даноци и од рекетирање на окупираните територии од неа во Ирак и Сирија се споредливи со нивните приходит од трговија со нафта.
Ова го пишува "Фајненшл тајмс" врз основа на анализа на системот од оданочување на населението од страна на исламистите.
Истрагата покажува дека џихадистите добиле минатата година од трговија со нафта 450 милиони долари.
Изданието опишува како работи шемата преку грабежи и рекетирање. Секој од борците кои учествувал во грабежи на банки, воени бази, музеи и сл., добива дел од приходите, а членовите на Исламската држава имаат право да го купат пленот по половина цена . Трговијата со производи носи добри приходи. Според ХР секојдневно 600 камион се приклучуваат кон „опашките“ од турската страна на границата со Сирија, за да достават таму храна и градежни материјали.
Возачите ги избегнуваат териториите контролирани од верните сили на Асад , и претпочитаат да тргуваат со ИД. "90% од она што го продаваме, зависи од џихадистите", ги цитира весникот зборовите на еден од овие возачи, кој превезува растително масло, ориз и сл. производи.
Сериозен транспортен поток кон територијата кој го окупираа џихадистите, доаѓа и од контролираните ирачки територии од Багдад.
Терористите заработуваат околу 140 милиони долари годишно од такси, со кои ја оданочуваат увезената стока. Во исто време борците на Исламска држава обезбедуваат насекаде во контролираните од нив територии данок во корист на сиромашните.
Тие им подаруваат 2,5% од парите кои се земаат од богатите граѓани и бизнисмени и од 5 до 10% од жетвата.
Данок во износ од 10 до 50% Исламска држава зема од ирачки владини претставници, кои продолжуваат да добиваат плати, иако се наоѓаат на контролирана територија од џихадистите.
Според податоците на владата на Ирак околу 400 000 владини службеници живеат во областите контролирани од ИД. Според "Фајненшл тајмс" само навидум финансиските ресурси на ИД главно се пополнуваат од трговија со нафта.
Дури и авионите на Франција, САД и Русија успешно да престанат со екстракција на суровини, тогаш локалните приходи, вклучително и од давачки, ќе и овозможат на економијата на Исламска држава да продолжи да се напојува суштински.
