ОД АВТОБУСОТ НА СМРТТА ОСТАНАА САМО ПАРЧИЊА: Шлеп службата успеа да го дислоцира од местото на кобната несреќа
Локалните власти соопштија дека се идентификувани сите жртви во автобуската несреќа кај Венеција, во која загинаа 21 лице.
Префектот на Венеција, Микеле ди Бари, соопшти дека загинале девет Украинци, четворица Романци, тројца Германци, еден италијански возач, една Хрватка, двајца Португалци и еден јужноафрикански државјанин, пренесува Sky News.
Во меѓувреме, објавени се фотографии од местото на несреќата на кои се гледа како автобусот е претворен во сплескано купче челик со огромен возен кран, а на местото на несреќата останале остатоци како неми сведоци на тешката трагедија.

Италија продолжува да ги истражува причините за несреќата. Локалниот функционер Лука Заја изјави дека возачот на автобусот најверојатно бил болен.
Во оваа несреќа загинаа 21 лице, а 15 се повредени, од кои четворица се во тешка состојба, јавува Анса. Несреќата се случила синоќа во градот Местре, на 9 километри од центарот на Венеција, кога автобус со туристи удрил во заштитна шина на надвозник, а потоа се превртел и паднал од висина од нешто повеќе од 10 метри на покривот.
Во автобусот се превезувале четириесетина италијански и странски туристи.
- Автобусот се превртел. Ударот бил страшен бидејќи паднал од повеќе од 10 метри – изјавил командантот на венецијанската противпожарна служба Мауро Луонго на новинарите на лице место, пренесуваат италијанските медиуми.
Знамињата во регионот Венето денеска се спуштени на половина копје.
Според Анса, премиерката Џорџија Мелони изразила „најдлабоко сочувство“ и додала дека нејзините мисли се со семејствата и пријателите на жртвите.
ФОТО: EPA-EFE/Vigili del Fuoco