Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД 60-МИЛИОНСКИ КОНТИГЕНТ ЌЕ СЕ УНИШТУВААТ ВАКЦИНИ НА ЏОНСОН И ЏОНСОН: Состојките во вакцината на Астра Зенека штетно влијаеле на Јансен

ОД 60-МИЛИОНСКИ КОНТИГЕНТ ЌЕ СЕ УНИШТУВААТ ВАКЦИНИ НА ЏОНСОН И ЏОНСОН: Состојките во вакцината на Астра Зенека штетно влијаеле на Јансен

Фармацевтската компанија Џонсон и Џонсон ќе мора да фрли повеќе милиони дози од својата вакцина Јансен против Ковид-19, произведени во фабриката во Балтимор, соопшти Американската Управа за храна и лекови (ФДА). Како што наведува Њујорк Тајмс спорниот контингент вакцини содржи 60 милиони дози, но нема информација колку од нив ќе мора да бидат уништени.

Единствено се знае дека производството на вакцини во фабриката во Балтимор е стопирано во април откако е откриено дека состојките во вакцината на Астра Зенека, што во исто време се произведуваа во фабриката, штетно влијаеле на една серија вакцини на Џонсон и Џонсон.

Истовремено и Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека контингентот вакцини на Џонсон и Џонсон, кои се произведени во Балтимор за Европа нема да се користи.


Слично

Поврзани вести