Од 24 февруари умреа моите две кучиња, баба ми и мојот сакан Мариупол - Кулеба објави писмо од дете кое се крие во засолниште
Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба објави емотивно писмо од дете во Украина кое се крие од руските бомби.
Станува збор за Јехор кој има само 8 години и кој се крие во скривалиште во Мариупол. Министерот додава дека починал и дедото на Јехор, а тој, неговата сестра и мајка се повредени.
„Од 24 февруари умреа моите две кучиња,
баба ми Хаља и мојот сакан Мариупол, се
вели во пораката“, објави Кулеба.
Жестоки борби се водат во фабриката за челик Азовстал во Мариупол. Не се почитува примирјето во Мариупол, кое требаше да се искористи за извлекување на цивилите од челичарницата Азовстал, обвинија украинските власти. Претходно Москва објави примирје од 72 часа за да се воспостави хуманитарен коридор.
Слично
