Од 1996 година, јуни годинава најлош период за автомобилската индустрија во ЕУ
Продажбата на возила во првата половина на годинава паднала дури за 6,6 проценти во однос на истиот период лани, соопшти Асоцијацијата на европските производителите на автомобили.
Ова е најлош период за автомобилската индустрија од 1996 година, со пад на побарувачката од 5,6 проценти на 1.134 милиони возила. Во овие податоци не се вклучени резултатите од Малта и Хрватска, кој на 1 јули стана членка на ЕУ.
Во Европската унија за шест месеци, заклучно со јуни се продадени 6.205 милиони автомобили.
Во последните две години, бројот на новорегистрирани автомобили е во речиси постојан пад.
Слично
