Економија, финансии, бизнис

Контакт

Очевидци раскажуваат за Ница: Тоа беше страшен масакр

Очевидци раскажуваат за Ница: Тоа беше страшен масакр

Очевидци Бугари раскажуваат за нападот во Ница во кој терорист со камион газеше луѓе.

Во нападот над 80 луѓе  загинаа, а стотици се повредени откако камион удри во група луѓе, кои се собраа да го набљудуваат огнометот за националниот празник на Франција. Во близина на местото на трагедијата била и бугарката Нели Капаси.

„Огнометот започна во 22 часот. Не знам колку долго траеше, можеби 10-15 минути, можеби и повеќе. Неколку минути по него се случи трагедијата. Ние бевме во еден ресторан кој е во центарот на Ница, на околу стотина метри од таму. На улицата имаше многу, многу луѓе и првото нешто што го видовме беше еден бран од трчање, врескање на толпа луѓе. Во првиот момент не сфативме што се случува, додека не слушнавме истрели. Откако ги слушнавме истрелите настапи паника и во нашиот ресторан.  Во моментот кога почнавме да трчаме, го видовме покривот на еден бел камион и се чудевме дека тој е таму, бидејќи улицата беше затворена цело попладне. Слушнав дека полицајци бараа чаршафи и постелнина, за да ги покријат мртвите тела“ - раскажува таа.

Друг Бугарин раскажува дека видел прегазени луѓе и настанот го опишува како страшен масакр.

Слично

Поврзани вести