Економија, финансии, бизнис

Контакт

Очекува ли Финска пречки за влезот во НАТО?

Очекува ли Финска пречки за влезот во НАТО?

Финска не очекува пречки за влез во НАТО. 

Премиерката Сана Марин изјави дека не очекува никакви пречки во пристапот на оваа нордиска земја во НАТО, јави денеска Би-Би-Си. Вели дека видела некои изјави во кои се поставуваат одредени прашања.

„Сепак, мислам дека е многу важно да имаме разговори со тие земји, со многу смирен тон и да разговараме за сите прашања што постојат“, посочи Марин.

Турција изрази одредено негодување. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека  грешка е што НАТО ја примило Грција, а сега не треба да се прави истата грешка со Финска и Шведска. Негодува и Русија. 

„Русија нема право да решава дали Шведска и Финска ќе влезат во НАТО“, кажа портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

Тој кажа дека претседателот Владимир Путин предупредил дека приклучување на Финска во алијансата би било грешка, но вели дека Русија нема право да реагира.

Слично

Поврзани вести